Објавено на 16 Јуни, 2022 во Вести
На денешен ден, на 16. јуни 1994 година Фудбалската федерација на Македонија е примена за полноправна членка на Светската фудбалска федерација - ФИФА.
Тогашниот наш сојуз ФСМ, на конгресот на ФИФА во Чикаго се здоби со статус полноправна членка на Светската фудбалска организација.
Претставници на нашата делегација во Чикаго беа: претседателот Љубисав Иванов - Ѕинго и генералниот секретар Илија Атанасовски - Ико.