Македонската А репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Финска

Објавено на 19 Септември, 2022 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Финска. 

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17. ноември на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

Последниот пријателски натпревар против Финска го одигравме во март 2018 година. Во турски Белек, мечот заврши без голови, 0:0. 

Во октомври, нашата селекција веќе го потврди пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија. 




   
   
А репрезентација