Македонија до 18 години убедливо поразена од Словачка на првата контролна средба

Објавено на 17 Ноември, 2022 во Вести


Репрезентацијата на Македонија до 18 години забележа пораз од Словачка на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции на градскиот стадион во Штип.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа убедливо поразени со 5:1. Селекцијата на Словачка одигра извонреден натпревар, во текот на сите 90 минути беше подобар противник и сосема заслужено се радуваше на убедлива победа. Единствениот погодок за нашата репрезентација беше дело на Дино Михолов во 77. минута од средбата.

Вторатата контролна пресметка овие две репрезентации ќе ја одиграат на 19. ноември.

Македонија: Стојановиќ, Аризанковски, Стојлески, Бамијоко, Николовски. Зенделовски, Јакупи, Ливарека, Стојанов, Цаноски, Марковски;

Клупа на резервни фудбалери: Џеков, Мухтари, Нурединовски, Сулејман, Адили, Порчу, Адили, Таири, Богдановски, Михолов;



   
   
А репрезентација