Објавено на 13 Октомври, 2022 во Вести
Македонската репрезентација до 15 години загуби со 3:2 од Србија на вториот конторлен натпревар одигран денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Првиот дуел меѓу двете младински селекции заврши без победник 2:2.
На денешниот натпревар, фудбалерите на селекторот Раде Каранфиловски дојдоа во водство со голот на Митановски во 10. минута. Сепак гостите од Србија со три гола, од кои два на Матијашевиќ и еден на Маровиќ, поведоа со 1:3 до полувреме. На почетокот на вториот дел, нашата селекција со гол од пенал на Грашевски успеа да го ублажи поразот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....