Објавено на 12 Мај, 2022 во Вести
Репрезентацијата на Македонија до 14 години забележа пораз од соодветната селекција на Словенија во рамките на вториот контролен меч одигран помеѓу овие две селекции.
На стадионот во Умаг, Хрватска, избраниците на селекторот Раде Каранфилоски и покрај добрата игра и создадените шанси, беа поразени со 3:1.
Македонија одигра одлично прво полувреме, отворена игра и неколку пропуштени шанси за гол. Најдобрата прилика ја имавме во 24. минута преку Талески кој испрати одличен шут, но немаше среќа да погоди. Противникот не успеа посериозно да се закани по нашиот гол.
Во продолжението, Словенија поведе со 1:0 во 49. минута од средбата. По три минути, противникот успеа да постигне уште еден погодок. Во 72. минута 3:0 за Словенија. Зумбери по одличниот удар со глава во 75. минута успеа да го намали резултатот и да ги постави конечните 3:1.
МАКЕДОНИЈА: Лорен Жаку, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Флори Илази, Давид Ангелевски, Павел Грбевски, Благојче Аговски, Данило Делев, Габриел Талески,Гоце Петрески, Алек Сиваков;
Селектор: Раде Каранфилоски;