Објавено на 08 Август, 2022 во Вести
Комисијата за безбедност и сигурност, одделот за Интегритет и безбедност при ФФМ во периодот од 4 до 6 август во хотел Гарденија, во Велес, одржаа работен состанок со комесарите и заменици комесари за безбедност и сигурност на фудбалските клубови од ПМФЛ и ВМФЛ.
На семинарот покрај елаборирање на ,,З А К О Н ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО И НЕДОСТОЈНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРИ,, и ,,Правилникот за безбедност и сигурност,, беше одржана презентација на тема ,,Заштита на интегритет и борба против местење на натпревари,,.
По одржаниот семинар сите присутни комесари и заменици комесари за безбедност беа писмено тестирани.