Известување за рок за пријавување за испит за стекнување со лиценца за ФИФА Фудбалски Агент

Објавено на 04 Мај, 2023 во Вести


Рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА Фудбалски агент е во периодот од 1 мај до 31 јули 2023 година, а испитот ќе се одржи на 20 септември, 2023 година (за местото и времето на испитот ќе има известување на ФИФА Платформата).

Сите заинтересирани лица кои претходно (пред 2015) се имаат стекнато или сакаат да се стекнат со лиценца за ФИФА Фудбалски Агент тоа можат да го направат преку апликација  на:

а) платформата;agents.fifa.com;( оние кои се пријавуваат прв пат, да се регистрираат како нови, оние кои веќе го имаат полагано испитот да се логираат во делот дека веќе имаат лиценца-legacy path).

б) апликантите треба да ги исполнуваат  критериумите наведени во  Правилникот за ФИФА фудбалски агенти.

в) успешно да го положат испитот кој го спроведува  ФИФА (онлине) во организација на ФФМ.

г) доколку успешно го положат испитот  да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФАво износ од 600 долари.

д) пред полагање на испитот да уплатат таксаза организација на испитоткон ФФМво износ од 250 евра во денарска противвредност, по среден курс на денарот на НБРМ денот на уплатата.

За сите прашања и информации во врска со стекнување со лиценца за ФИФА Фудбалски Агент можете да се обратите кај одговорното лице од ФФМ, Александра Ѓурчиновска, aleksandra.gjurcinovska@ffm.com.mk, тел: 075339716.



   
   
А репрезентација