Објавено на 07 Август, 2023 во Вести
Генерацијата на млади фудбалери родени 2010. година од Академијата на Фудбалската федерација на Македонија започна со тренинзи на камп во Дојран организиран од 28. јули до 4. август.
Фудбалерите на тренинг кампот го имаа првото запознавање со стручниот тим од академијата на ФФМ предводен од Неџат Шабани.
Главниот тренер на генерацијата на фудбалери родени 2010. година, Неџат Шабани ги сподели своите очекувања од новата селектирана генерација фудбалери:
„Целта на кампот во Дојран беше запознавање на фудбалерите со правилата и начинот на функционирање на нашата академија, како и активностите кои ги имаме. Дисциплината е клучна. Кодексот на однесување е основна и најважна карактеристика во Академијата и тоа треба сите да го почитуваат и негуваат. Во оваа насока не зборуваме само за однесувањето на тренинзите, туку и внатре во Академијата низ активностите кои ги имаме“.
„Првите впечатоци од новата генерација се навистина позитивни. Талентот кои го поседуваат овие млади деца не е спорен, наше е да им укажеме дека само талент не е доволен за да успеат. Потребно е многу работа, труд и вложување за да станат врвни фудбалери. Нашата работа е да ги потикнеме да го искористат потенцијалот“.
„Условите кои ги обезбедуваме допринесуваат овие фудбалери да се развиваат во вистинска и правилна насока. Работиме по унифицирана и квалитетна програма, на тренинзите се работи на секој сегмент поединечно, а тоа се разбира дека ќе помогне за нивно подобрување и индивидуално и тимски“.
„Ја искористивме можноста фудбалерите да ги запознаеме подетално со програмата на тренинзи која ќе се спроведува, како и работата на одделни сегменти на самиот тренинг. Укажуваме дека е многу важен психолошкиот план на тренинзите и подготовките. Разговорот со децата е битен сегмент, ги охрабрувавме, советуваме и учиме на вистиснките вредности што треба да ги поседува еден спортист“.
„Од 7. август продолжуваме со подготовки. Организираме уште еден камп од седум дена во Кичево. Најбитно е сите да бидат здрави и подготвени посветено да ги извршуваат сите тренинзи“.
„Академијата е на некој начин „жива материја“. Потребно е сите да бидат вклучени на најдобар начин. Од тренерите, преку лицата кои се грижат за сместување и опрема, потоа здравствените лица и готвачите до децата. Целта е да создадеме идни репрезентативци, но се разбира корист да имаат и клубовите“.
„По периодот од две години поминати во Академијата, настанува проблем кога младите фудбалери треба да се вратат во своите матични клубови каде што треба да продолжи нивниот развој. Најчесто се појавува застој во развојот на фудбалерот, по двогодишната едукација во академијата и не се користи потенцијалот на фудбалерите. Апелирам до клубовите да продолжат посветено да се грижат за развојт на нивните таленти. Потребени се ментори кои ќе бидат со нив и ќе се грижат да продолжат да се развиваат во вистинска насока“.
„Академијата е главен извор на новите таленти, млади фудбалери кои би можеле да бидат едни од главните играчи во нашата сениорска репрезентација. Веќе имаме голем број на репрезентативци во сите возрасни категории кои потекнуваат токму од нашата Академија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....