Објавено на 03 Октомври, 2016 во Вести
На 73 години почина Пане Иванов, познат фудбалски и спортски работник. Пане Иванов во далечната 1970. година ја започна својата судиска кариера и беше еден од нашите најдобри судии. Ја делеше правдата во поранешна СФРЈ, а подоцна беше еден од најистакнатите арбитри во самостојна Македонија. Долги години беше Комесар за делегирање судии и претседател на Комисијата за стручни прашања која ја анализираше работата на судиите во Националниот шампионат.
Погребот на Пане Иванов ќе се одржи денеска во Кавадарци во 12:00 часот.