ФФМ за најмладите

Објавено на 04 Октомври, 2016 во Вести

Децата од социјалните установи и учениците од основните училишта во придружба на родител бесплатно на натпреварите на репрезентацијата на македонија.

Фудбалската федерација на Македонија за најмладите овозможи бесплатен влез на Националната арена „Филип Втори“ за натпреварите Македонија - Израел, Македонија - Италија и Македонија (21) - Шкотска (21). Го сакаме фудбалот. Имаме една репрезентација. Да навиваме за Македонија. Основците од прво до деветто одделение, во придружба на родител и децата од социјалните институции имаат можност да ја бодрат македонската репрезентација против атрактивните противници.

- За сите нас спортот, фудбалот и македонската репрезентација треба да биде заедништво. Од мали нозе се обидуваме да им наметнеме навика на најмладите дека спортот обединува, носи радост и единствено доживување. Фудбалската федерација на Македонија е еден од пионерите во европски рамки кога е во прашање поддршката на социјалните институции, придружбата на лицата со инвалидитет и овозможувањето децата и младите директно да бидат вклучени на натпреварите. Дел од овие деца живеат за еднаквост и рамноправност, а преку топката, фудбалот и дружењето уште повеќе ќе придонесеме кон развој на толеранцијата и разбирањето,вели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Го сакаме фудбалот. Имаме една репрезентација. Да навиваме за Македонија.




   
   
А репрезентација