ФФМ организатор на финалните натпревари од три Грасрут активности

Објавено на 02 Јуни, 2022 во Вести


Ве информираме дека во период 3-5.06.2022 на тренинг центарот на ФФМ ќе се одиграат финалните турнири од три Грасрут активности кои ФФМ ги реализираше почнувајќи од Март годинава.

Во петок 03.06.2022 на програмата е финалниот турнир од за ученици од 2ро- до 5то одд. каде учество ќе земат 36 училишни екипи поделени во две категории (2/3то одд. и 4/5то одд.). Се работи за најуспешните училишни екипи од вкупно 152 колку што вкупно зедоа учество и каде повеќе од 6000 дечиња од 76 училишта беа вклучени во континуиран тримесечен фудбалски процес. На завршниот турнир ќе земат учество повеќе од 700 момчиња и девојчиња преводени од нивните наставници по ФЗО.

Во сабота 04.06.2022 наутро на програмата е завршниот турнир за училишен фудбал за девојчиња каде учество ќе земат 8 училишни екипи и повеќе од 160 девојчиња од 4-5то одд, кои исто така изминатите три месеци беа вклучени во континуиран фудбалски тренажен процес организиран од нивните наставници по ФЗО и комплетно поддржан и подпомогнат од тренери во ЖФК. Учесничките на финалниот турнир се само дел а најуспешните од вкупно 24 те училишта кои беа вклучени и од вкупно повеќе од 500 ученички кои имаа можност за прв пат да се запознаат со убавините на фудбалската игра и да бидат исто така вклучени во една континуирана фубалска програмска содржина.

Почнувајќи од сабота во 16,30 часот, на програмата е и долго очекуваниот финален турнир на ФФМ Детски Лиги за сезона 2022 каде учество ќе земат најусшешните 48 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2009- 2014). И ова е само завршница на годинешното скратено издание на ДЛ каде имавме рекорден број на клубови учесници – 133, учество на 589 екипи, а повеќе од 8000 млади фудбалери имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.

ФФМ им благодари на сите учесници во редовните делови од активностите во рамките на сите 3 проекти, односно повеќето од 15,000 деца на возраст од 7-12 години меѓу кои имавме дури 2000 девојчиња; речиси 400 тренери; повеќе од 130 наставници по ФЗО и на сите останати лица вклучени во организацијата кои дадоа свој огромен придонес и целосно се посветија за успешна реализација а со тоа и развој на базичниот фудбал. На финалистите пак им посакуваме среќа на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер – плејот.

Во продолжение можете да ги погледнете и распоредите за финалните турнири.

Дијаграм ДЛ 2022 1.pdf  

Распоред за завршен турнир девојчиња.pdf 

Распоред за завршен УЧИЛИШТА 22.pdf 





   
   
А репрезентација