ФФМ континуирано продолжува до го спроведува проектот „Фудбал во училиштата"

Објавено на 14 Април, 2022 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт) и понатаму продолжува да го поддржува  проектот за училишен фудбал со кој им се овозможува на најмладите активно да учествуваат, да се дружат и да играат фудбал.

Оваа недела повеќе училишта активно беа ангажирани околу спроведувањето на проектот „Фудбал во училиштата"

Реализација на тренинг со 2ро и 3то одделение во ООУ"Гоце Делчев", Горно Лисиче, Аеродром, наставник Мартина Боглева.


Учениците од екипите на Топ Тен и Лидер од ООУ " Даме Груев - Градско, заедно со наставниците по ФЗО Златко Стојковски,Сашко Радевски и Наташа Коцева Атанасова ги реализираа своите натпревари.


Учениците од 2 и 3, и 4 и 5 одделение од ООУ " Кочо Рацин " - Охрид, ја реализираа првата и втората активност со наставникот по ФЗО Наум Јанкулоски.




   
   
А репрезентација