ФФМ донира 5.680 фудбалски топки за 122 младински клубови

Објавено на 26 Јануари, 2024 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија со најновата донација распределува вкупно 5.680 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS - International Match Standard”) на младинските клубовите од сите категории (младинци, кадети, пионери, помлади пионери, петлиња, помали петлиња) во рамки на натпреварувањата за млади категории на ФФМ. 

Секој клуб од младинската Супер лига и од младинската Втора лига добива по 80 фудбалски топки, а клубовите од Трета лига и клубовите кои имаат генерации на деца во категоријата петлиња и помали петиња добиваат по 40 фудбалски топки. 

Со последната донација на ФФМ за распределба на 5.680 фудбалски топки, вклучени се вкупно 122 клубови. 

- Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување...итн.), ФФМ потврдува дека на младинскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи. Важно е да покажеме дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво и ќе продолжиме во таа насока, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

Претходно, Фудбалската федерација на Македонија за 12 клубови од 1 МФЛ обезбеди 600 фудбалски топки (Triton - FIFA), a 16 клубови од 2 МФЛ добија 640 фудбалски топки.

18 клубови од Женската лига (Прва и Втора) распределија 560 фудбалски топки (Reposta), а екипите од ФФМ Детска лига вкупно 3000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига. 

Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ. Со новата акција наменета за младинските клубови, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. 




   
   
А репрезентација