Женската селекција до 18 години поразена од Молдавија во воведното коло од УЕФА развојниот турнир

Објавено на 18 Јуни, 2015 во Вести

Женската репрезентација на Македонија до 18 години загуби со 2:1 од Молдавија во првото коло од УЕФА развојниот турнир кој го организираме во Скопје.

Нашата селекција пропушти голема прилика за победа во воведниот натпревар од турнирот, младите фудбалерки предводени од Астрид Мерко не искористија неколку одлични шанси за погодок. Грешките во одбраната успеа да ги искористи репрезентацијата на Молдавија,  со голот на Каролина Табур во 21. минута противникот поведе со 1:0. Бојку Шипе го даде голот за израмнување на нашата репрезентација во 36. минута. Во вториот дел, Стефани Скерлевска постигна автогол во 70. минута за победа и голема радост на Молдавија.


МАКЕДОНИЈА:  1.Викторија Панчурова 2.Даниела Велевска  5.Стефани Скерлевска 6.Александра Поповска  8.Наташа Велкова  10.Александра Марковска  11.Шипе Бојку 15.Елена Петровска  16.Ане Бошеска  17.Павлина Николовска  19.Улза Максути




   
   
А репрезентација