Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе учестува на меѓународен турнир во Бугарија

Објавено на 08 Јуни, 2021 во Вести, До 19 год


Младата женска репрезентација на Македонија во периодот од 7 до 15 Јуни ќе земе учество на маѓународниот турнир „Bansko Pirin Womens Cup", koj ќе се одржи во Банско, Бугарија.

Нашата репрезентација на овој турнир силите ќе ги одмери со домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Бугарија и Албанија.

Првиот натпревар го играме денеска против Албанија , а вториот дуел го играме со Бугарија на 14 јуни.

Селектор на Македонија, Астрит Меркo, за овој турнир ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ: Берна Кабакчи, Јана Луба Зврлевска;

ОДБРАНА: Ана Ристовска, Анида Идризи, Едина Сулејмани, Викторија Недева, Ана Милчевска, Миа Головска, Теодора Бартон, Александра Јовановска;

СРЕДЕН РЕД: Икмете Лимани, Ера Стеблева, Ангела Зафировска, Радица Велкова, Кристина Мојсоска, Бриќена Шаќири, Емира Мета, Вероника Николовска, 

НАПАД: Теа Божиновска, Теодора Николовска, Бојана Петкова, Оливера Чоклевска;




   
   
А репрезентација