Женската репрезентација на Македонија до 17 години поразена од Романија на првата контролна средба

Објавено на 17 Август, 2021 во Вести


Женската репрезентација на Македонија до 17 години загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.

Клучниот момент на денешната средба се одвиваше во 65 минута кога Македонија остана со играч помалку поради црвениот картон што го заработи Катерина Петкова.

Стрелец на погодокот за нашата селекција беше Викторија Стрика во 55 минута од натпреверот.

Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 19 август.





   
   
А репрезентација