Женската репрезентација на Македонија до 17 години одигра нерешено против Романија на вториот контролен натпревар

Објавено на 19 Август, 2021 во Вести

Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Романија.

Натпреварот заврши нерешено, двете репрезентации постигнаа по два гола. Видовме еден отворен и интересен натпревар, со пресврти и отворена игра на двете страни. Противникот прв поведе со 1:0. Нашите девојки одлично одговорија на водството на противникот и преку Веса Села и Миа Велинова успеаа да направат пресврт и да поведат со 2:1. До крајот на натпреварот, Романија постигна погодок за конечен резултат од 2:2.

Првиот натпревар меѓу овие две селекции заврши со победа на Романија од 2:1.



   
   
А репрезентација