Објавено на 02 Октомври, 2017 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години денеска во 15:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го започнува квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза УЕФА квалификации за пласман на Европското првенство. Прв противник на Македонија до 17 години е селекцијата на Босна и Херцеговина. Во истиот термин на стадионот „Борис Трајковски“ играат репрезентациите на Молдавија и Словачка.
Селекторот на нашата репрезентација Горан Станиќ вели дека првиот дуел е важен, но убеден е дека сите ќе го дадат својот максимум за да се оствари поволен резултат.
-Против квалитетниот состав на Босна и Херцеговина го отвораме турнирот во Скопје. Гостинската селекција е силна, минатата година беа учесници на Европското првенство до 17 години, сега создаваат нова генерација и секако не очекува тежок натпревар. Ние одигравме неколку контролни натпревари како подготовка за овој квалификациски турнир и се надевам дека во вистински момент ќе дојдат и резултатите. Првиот натпревар е важен и сигурен сум дека сите ќе го дадат максимумот со цел да стигнеме до поволен резултат, изјави селекторот на репрезентацијата Горан Станиќ.
Натпреварот Македонија - БиХ гледајте го во живо низ директен пренос на tv.ffm.mk
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....