Објавено на 19 Јуни, 2025 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 14 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамкиот на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
На стадионот „Билјанини извори" во Охрид , двете репрезентации одиграа доста тврд и борбен натпревар, без премногу можности за погодок.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации одигран во Корча, Албанија заврши нерешено 1:1.
Македонија: Марио Стојковски, Хамза Зубери, Давор Танески, Калин Аврамоски, Ејман Емини, Давид Рамадан, Ариан Исаку, Васко Трајков, Доротеј Христов, Драган Петков, Алиу Дијар;
Селектор: Горан Станковски;