Објавено на 24 Јуни, 2025 во Вести
Македонската репрезентација до 15 години беше поразена со 2:0 од соодветната селекција на Албанија во рамките на вториот контролен натпревар одигран во Корча.
Избраниците на селекторот Илјами Исејни може да жалат за пропуштените можности на овој натпревар.
По првиот дел, во одлични можности се најдоа Ристиќ, Павлов и Стојанов. Противникот преку Џемали во 17 и 31. минута ги постигна погодоците.
Во вториот дел, Македонија пропушти уште неколку добро можности, преку Ристиќ и Стојанов.
Македонија: Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочевски, Амар Акики, Лука Спироски, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Исак Хусеини, Митко Стојанов, Благојче Седлоски, Марио Стојчевски;
Селектор: Илјами Исејни;
Во првиот натпревар одигран во Охрид, репрезентацијата на Македонија до 15 славеше со резултат 2:0.