Објавено на 21 Април, 2021 во Вести
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва и Втора МФЛ, а по добиената одлука од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК дека 30 екипи од Прва МФЛ и Втора МФЛ - Исток и Запад (со исклучок на ФК Кадино - слободен во 24. коло), заедно со службените лица на натпреварите пред одигрување на претстојното 29. коло во Прва МФЛ и 24. коло во Втора МФЛ - Исток и Запад ќе направат ТЕСТИРАЊЕ - Молекуларна RT - PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје во организација на ФФМ. ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб).
Секоја екипа треба задолжително да ја пополни табелата.docx со точни податоци: Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ и функција ( фудбалер или член на стручен штаб, комет администратор на клуб задолжително) на лицето од вашиот клуб кое се тестира и задолжително лице за контакт од клуб и адреса каде ќе биде извршено тестирањето (БИОТЕК доаѓа по договор на утврдена локација) за контакт на релација помеѓу клуб и лабораторија БИОТЕК.
Пополнетата табела со наслов во меилот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО, денеска, 21 април (среда) 2021. година до 20:00 часот да ја испратите по следниов редослед на овие e-мaил адреси: e.sark@bioteklab.com.mk, igorperka@yahoo.com , igor.frangovski@ffm.com.mk,
Тестирањето ќе се врши во деновите 22 април (четврток) и 23 април (петок) 2021 година по договор меѓу вашите контакт лица и контакт лицето на БИОТЕК лабораторија