Објавено на 17 Август, 2021 во Вести
Новиот формат на УЕФА женската лига на шампиони донесува финансиски дистрибуционен модел односно солидарни плаќања за клубовите од Првите женски лиги. Станува збор за 5,6 милиони евра на располагање за солидарни плаќања за развој на женските клубови со што ќе се придонесе до развој и подигнување на стандардите насекаде во Европа.
Солидарните плаќања ќе бидат на располагање на клубовите од Прва ЖФЛ само доколку клубот ги исполнува еден или повеќе од постоечките спортски, инфраструктурни, персонално административни критериуми кои се поставени во УЕФА клубскиот лиценцен и фер плеј правилиникот, верзија 2018. Клубовите го имаат правото да аплицираат согласно нивните потреби за развој согласно во оваа рамка
Сезоната која ќе се земе во предвид за овие солидарни плаќања е заклучно со домашното натпреварување за 2021/2022.
„Сметаме дека овој модел ќе придонесе за равој на женските фудбалски клубови од причина што сите ќе мораат да поминат низ лиценцниот процес кој преставува развоен сегмент кај самите нив. Со ова, како што е и опишано во нашиот стратешки план, ќе се добие дополнителен мотив сите да придонесат во развој на млади категории, подобрување на инфраструктура, медицински прегледи или пак ангажирање на тренери со соодветни лиценци, а во согласност со Правилникот за лиценцирање. „ – изјави Лазар Ракиџиев, Претседавач на Комисијата за женски фудбал.
20210806_Circular_2021_59_en.pdf