Објавено на 02 Октомври, 2017 во Вести
Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено против селекцијата на Босна и Херцеговина во воведното коло од УЕФА мини квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. На тренинг центарот „ Петар Милошевски “ фудбалерите на Македонија одигра нерешено без погодоци
Првото полувреме не понуди добар фудбал, се играше доста борбено, пред се на средината на теренот. И двете репрезентации на моменти се обидуваа да се заканат по двата гола, меѓутоа Качавенда и Андов немаа потреба во ниту една ситуација да интервенираат. Во првиот дел неколку добри потези имаше Јусуфов, крилниот фудбалер на Македонија кој и правеше најмногу проблеми на противничката одбрана.
Во продолжението од мечот нешто поотворена игра, особено на селекцијата на Босна и Херцеговина. Во воведните минути од второто полувреме, противникот преку Баџак и Хериќ се закани по нашиот гол. Пред самиот крај и Шариќ имаше добра прилика, меѓутоа без завршница. Избраниците на селекторот Станиќ одиграa добар натпревар, пред се во одбраната, противникот немаше премногу простор за игра. Конечни 0:0.
УЕФА мини квалификациски турнир за пласман во елитна фаза, Скопје
Репрезентации до 17 години; МАКЕДОНИЈА – БиХ 0 : 0 (0 : 0)
МАКЕДОНИЈА: 1. Матеј Андов 3. Ален Личина 4. Божидар Митревски 5. Ване Тасевски 6. Суад Јонузи 7. Кире Трпчевски ( 2. Кристијан Трпчевски ) 8. Агон Елези 11. Ален Јусуфов ( 15. Влада Новевски ) 14. Емил Скоко 16 Димитар Тодоровски 20. Џемаил Ибиши ( 9. Давид Тошевски ); Селектор: Горан Станиќ;
БиХ: 1. Лука Качавенда 2. Елвир Муминовиќ 3. Дино Исламовиќ 5. Стефан Ранкиќ 6. Роберт Володер 8. Андреј Џокановиќ 10. Ајдин Хасиќ 11. Денил Баџак 16. Иван Шарќевиќ 19. Елмин Хериќ ( 13. Немања Николиќ ) 20. Армин Шариќ; Селектор: Сакиб Малкоќевиќ;
Тренинг центар „ Петар Милошевски “
Во нашата група, на стадионот „ Борис Трајковски “ во истиот термин беше одигран и мечот помеѓу селекциите на Молдавија и Словачка. Во вториот натпревар од групата 8 во рамките на квалификацискиот турнир, Словачка издвојува сигурна победа од 2:0.