Објавено на 11 Септември, 2018 во Вести, До 21 год
Македонија
У21 денеска одигра нерешено 3:3 против Ерменија У21 во квалификациски натпревар
за пласман на Европското Првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Италија.
Младите надежи има 3:1 во истекот на регуларните 90 минути, но противникот
успеа да постигне два гола во продолжението од 4 минути. Младите ерменци ја
одземаа победата во последните минути, но сепак и нерешениот резултат значеше
прекинување на серијата од шест порази по ред.
Тука се чинеше дека конечно
ја имаме втората победа во овие квалификации и тоа против истиот противник, но
се случи да примиме два гола во породелжението. Најпрво Амановиќ несреќно си
постигна автогол за резултат 2:3 обидувајќи се да исчисти една ситуација пред
нашиот гол, а во последните секунди од натпреварот Аветисјан успеа да израмни
за конечни 3:3 со удар од работ на шеснаесетникот. Македонија У21 сега има
четири бода и го држи петото место во групата пред Гибралтар кој има три бода.
Пред нас се Ерменија со седум бода на четвртото место, Австрија е трета со 15
бода, еден бод повеќе има Русија на второто место а убедлив лидер е Србија со
21 бод.
МАКЕДОНИЈА У21-ЕРМЕНИЈА У21 3:3 (1:0)
Стрелци: Атанасов 26', Здравковски 73' п.,
Чурлинов 89 (Македонија У21), додека Аветисјан 56' п. и 90'+3, и Амановиќ 90'
автогол (Ерменија)
МАКЕДОНИЈА У21: Стевковски, Маневски, Амановиќ,
Трајановски, Тодороски, Здравковски, Јевтоски, Атанасов (Фазлагиќ 71'), Ѓорѓев,
Ристовски (Крстовски 61'), Митровски (Чурлинов 88').
Селектор: Добринко Илиевски
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....