Македонија до 16: Драган Начевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари со БиХ

Објавено на 03 Јуни, 2025 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 16 години на почетокот на јуни во Зеница ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 6. јуни со почеток во 17. часот. Вториот контролен меч на програма е на 8. јуни со почеток во 11. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски за претстојните контролни натпревари со Босна и Херцеговина се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Даријан Денковски - Шкендија

Ринор Цека - Шкендија

Амин Ауловиќ - Парк

ОДБРАНА:

Стефан Јордановски - А.П. Брера

Марко Иванов - Копер, Словенија

Анес Бајрами - Шкупи

Филип Цветковски - Вардар

Адријан Велески - ФФМ Академија

Тео Стојчевски - Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Лука Кнежевиќ - Македонија Ѓ.П.

Бленди Љачка - Фенербахче, Турција

Сонер Ракипи - Шкендија

Марко Мирчевски - Охрид

Лука Георгиески - А.П. Брера

Александар Полимац - Партизан, Србија

Лука Лазаревски - Македонија Ѓ.П.

Иса Мустафа - Парк

НАПАД:

Ердин Мамути - Работнички

Фадиљ Исламовиќ - НК Загреб, Хрватска

Васко Папалиски - Парк

Јаков Стојковски - Падерборн, Германија

Антонио Сталески - А.П. Брера




   
   
А репрезентација