Објавено на 01 Јуни, 2025 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).
Нашиот репрезентативец, Кристијан Трапановски смета дека тактички мора да бидеме на највисоко ниво за да се обидеме да се спротивставиме на Белгија, најголемиот фаворит во нашата група.
„Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво. Ова за нас се последни натпревари оваа сезона, мислам дека сме подготвени. Имаме почит кон секого и мислам дека ќе имаме добар пристап, најпрвин со Белгија, а потоа со Казахстан.
Индивидуално, Белгија има топ фудбалери, но сметам дека ако тактички добро се подготвиме, може да им се спротивставиме“.