Турција до 15 години забележа убедлива победа против Македонија до 15 години

Објавено на 24 Октомври, 2017 во Вести


Македонската репрезентација до 15 години загуби од селекцијата на Турција до 15 години со 0:5 на првиот од двата контролни натпревари на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Од самиот почеток силната гостинска репрезентација го контролираше дуелот и заслужено славеше убедлива победа. Во првиот дел погодија Емре Демир и Омер Фарух, додека во продолжението во листата на стрелци се запишаа уште Селман Фарух, Емре Јигид и повторно Омер Фарух.

Во првиот дел Македонија имаше шанса да реализира преку Дарко Марковски, а шанса не искористи и Славче Живков.

Во четврток двете селекции ќе го одиграат вториот пријателски натпревар.

Македонија до 15 години: Филип Ваневски, Давид Алиоски, Андреј Стојчевски, Стефан Деспотовски, Елмадин Рамадани, Октај Рекипи, Дарко Стојановски, Бехар Фета, Дарко Марковски, Марко Мишовски и Десмир Елези;  

Стефан Митрев, Виктор Шаурек, Ване Крстевски, Грегори Давков, Славче Живков, Лука Ѓурѓиевским Дамјан Ќосевски, Енсер Рамадани, Реџеп Самет и Кристијан Николовски.




   
   
А репрезентација