Суспензија на теренот во Кавадарци

Објавено на 24 Септември, 2024 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ  поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.  Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ  и е  во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .

Комисијата за натпревари на ФФМ  според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат  ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар  0:3 го регистрираше овој натпревар .




   
   
А репрезентација