Спроведување на редовен фитнес семинар на главни судии и асистенти судии за пролетниот дел од сезоната во МФЛ

Објавено на 08 Февруари, 2022 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во Кичево го организираше заедничкиот семинар за главни судии и асистенти судии за пролетниот дел од натпреварувачката сезона во МФЛ.

Семинарот во Кичево им послужи на судиите и контролорите за евалуација на нивната досегашна работа, колку и на кој начин бележеа напредок во периодот од претходниот семинар.

Новиот претседател на судискиот одбор на ФФМ и прославениот македонски судија, Димитар Мечкаровски даде позитивна оценка за постигнатото во досегашниот дел од припремите.

Во периодот од 7 до 12 февруари во Кичево, Фудбаласката Федерација на Македонија организира успешен редовен зимски семинар за главни судии и асистенти судии според најновите и највисоките УЕФА критериуми. Сакам да ја пофалам физичката спремност кај судиите, покажаа вистинска професионалност и максимална фокусираност на овој семинар. Нивната одлична подготвеност во тешки услови на пандемија е одличен показател пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во МФЛ.

Фитнес тренерот Сашо Даневски даде своја оценка и кратко објаснување за тоа што е сработено во досегашниот дел од припремите.

-Како и на сите меѓународни фитнес семинари кои ги спроведе УЕФА, така и кај нас се спроведуваат фитнес тестирањата со електронски и видео уреди за максимална објективност. До сега на судиите ФФМ подели 90 часовници за следење на тренажниот процес, спроведовме повеќе од 30 тестови кај меѓународните судии за целосно нивно профилирање. Оваа година морам да истакнам дека скоро сите судии се наоѓаат во врвна форма и се максимално подготвени за предизвиците што следат во пролетниот дел од сезоната во МФЛ.






   
   
А репрезентација