Објавено на 31 Октомври, 2023 во Вести
Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во просториите на ФФМ го започна семинарот за Уефа Б лиценца за тренери на голмани, прва генерација.
Првиот модул од курсот ќе трае 3 дена, до 2. ноември, а ќе бидат опфатени повеќе теоретско практични теми соодветни на нивото на самата едукација.
Вкупно 18 учесници, носители на Уефа Б диплома кои се дел
од групата имаат можност да го следат и слушаат предавањето на Томислав Бутина,
ФФМ ментор од Уефа за едукација на тренери на голмани, кој воедно е и поранешен
репрезентативец на Хрватска. На првиот ден од курсот, свое предавање одржаа Небојша
Марковски, директор на Едукативниот центар, како и Зоран Мицевски и Саша
Илиќ, едукатори на ФФМ за Уефа и Национална едукација за тренери на голмани.
Ова претставува прв семинар на ова специјалистичко ниво, организиран во тесна соработка и координација со Уефа. Во рамките на курсот ќе бидат организирани три модули од по три дена, заклучно до Мај - Јуни 2024 година.
Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува, им посакува многу среќа и успешен семинар на учесниците и стекнување на нови корисни знаења.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....