Седница на Управен одбор на ФФМ

Објавено на 25 Февруари, 2025 во Вести


На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оддржана на 25. февруари беа донесени следните одлуки:

- Управниот одбор на ФФМ го усвои дневниот ред за Редовното изборно Генерално Собрание на ФФМ кое ќе се оддржи на 15. март 2025 година во Скопје; 

- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот суд е да обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу фудбалските чинители (клубови, фудбалери, тренери…итн.); 

- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за спроведување на целосна реформа на организациската структура на ФФМ, како и да побара овластување од делегатите на претстојното Собрание за промена на системот на натпреварување во сите категории; 

- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да даде предлог на претстојното Собрание за отпочнување постапка за формирање на трговско друштво со цел комерцијализација / физичка продажба на официјални дресови, опрема и реквизити од Фудбалската федерација на Македонија; 

- У.О. на ФФМ ја потврди одлуката за предвремено завршување на мандатот за претседавање со РФС - Југозападен регион на ОФС Охрид, донесена од Управниот одбор на Југозападниот регион и ја потврди одлуката мандатот за претседавање со РФС – Југозападен регион да премине на ОФС Битола.

Седиштето на југозападниот регион е ОФС Битола.




   
   
А репрезентација