Репрезентациите до 17 и 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации за ЕП. ФФМ ќе биде организатор на двата турнири

Објавено на 08 Декември, 2021 во Вести, До 19 год


Младинските репрезентации на Македонија, репрезентациите до 17 односно 19 години ги дознаа противниците за следните квалификациски предизвици. 

Македонската репрезентација до 17 години ќе биде дел од групата 9, а противници ќе ни бидат селекциите на Франција, Исланд и Луксембург. 

Нашата селекција до 19 години е во групата 10 заедно со репрезентациите на Србија, Норвешка и Сан Марино.

Фудбалската федерација на Македонија ќе биде организатор и домаќин на двата квалификациски турнири за пласман во Елитна фаза квалификации за Европските младински првенства во 2023 година. 

Квалификациските турнири се закажани за ноември следната година. 




   
   
А репрезентација