Работен состанок со комесарите за безбедност на клубовите во Прва и Втора МФЛ

Објавено на 12 Февруари, 2024 во Вести


Комисијата за безбедност и сигурност и Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија, на 10. и 11. февруари во хотел „Гарденија", Велес одржа семинар со комесарите за безбедност на клубовите кои настапуваат во Прва и Втора МФЛ.

На семинарот со комесарите за безбедност, присуство земаа и дел од претставници на навивачките групи и претставници од МВР - СВР и Организиран криминал.

Работилницата ја отвори Претседателот на комисијата за безбедност и сигурност и член на Управен Одбор, Борче Лазаревски.

Во првиот дел од работилницата беше одржано предавање и презентација на извештајот за инциденти на натпреварите во есенскиот дел од натпреварувачката 2023/24 година, планот за мерки и активности за организирање на фудбалски натпревар (со конкретни насоки за првенствениот дел, пролет 2023/24) и заштита на интегритетот и борба против местење на натпревари.

Во вториот дел, учесниците на семинарот беа поделени во три групи и на различни теми учествуваа со интерактивно работење и презентирање на „План, мерки и активности на организирање на фудбалски натпревари од висок ризик".

Презентациите на работниот состанок беа спроведени од Роберт Марковиќ (раководител на Одделот за безбедност и интегритет)  и Зоран Саздов (заменик претседател на Комисијата за безбедност и сигурност при Фудбалската федерација на Македонија).

Роберт Марковиќ - раководител на Одделот за безбедност и интегритет:

- Главната тема на денешниот состанок беше да се запознаат комесарите за безбедност и претставниците на МВР кои беа присутни на работилницата заедно со началниците на сектори за настаните, односно инцидентите кои се појавија во есенскиот дел од натпреварувачката сезона, како и со запознавањето на мерките и активностите за пролетниот дел од тековната сезона.

- Комисијата за безбедност и сигурност и одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија има за цел добро да ги запознае и информира комесарите за безбедност за моменталната состојба на клубовите во Првата и Втора МФЛ, како и за предизвиците кои престојат во пролетниот дел од сезоната , од аспект на сигурност, безбедност и заштита на интегритетот на клубовите и организацијата на натпреварите во целост.

- Комесарите за безбедност треба поактивно да се вклучат во организационата структура на клубот, во поглед на подготовките на секој натпревар, особено во делот на сигурноста, безбедноста и заштитата на интегритетот.

- Во вториот дел од тековната натпреварувачка сезона очекуваме повисоко ниво на подготвеност од страна на комесарите во поглед на организација и имплементација на концептот за сигурност и безбедност за секој меч од Прва и Втора МФЛ согласно позитивните законски прописи и акти на ФФМ.







.










   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација