Објавено на 14 Септември, 2021 во Вести, До 19 год
Репрезентацијата на Македонија до 18 годиниодигра нерешено 1:1 против селекцијата на Унгарија во првиот контролен натпревар меѓу двете селекцииво унгарски Ѓер.
Избраниците на селекторот Неџат Шабани може да жалат за пропуштената шанса за победа. Нашите имаа предност од 1:0, но домаќинот со погодок во судиското надополнување избегна пораз.
Македонија одлично го започна натпреварот. Добрата игра во првото полувреме ја крунисавме со погодок на капитенот Матеј Ангелов во 31. минута од средбата.
Во продолжението од средбата, нашите фудбалери одиграа добро, цврсто во одбрана и не му дозволија на противникот да наметне иницијатива.
Во 70. минута преку Бесар Гуџуфи ја имавме најдобрата прилика за зголемување на предноста, но немавме среќа во завршницата. Балаж Рац во последната минута од средбата погоди за израмнување на резултатот на 1:1.
Унгарија до 18 години - Македонија до 18 години 1:1 (1:1)
МАКЕДОНИЈА: Васко Василев, Никола Павлески, Борјан Попоски, Енис Буќи, Матеј Ангелов (к), Марко Тренески (Aтхе Кадриу 55’), Бесар Гуџуфи, Марко Софијаноски (Ерион Шуку 65’), Игор Јаневски, Арбнор Мурати, Давид Љусев (Максим Милошевски 82’);
Резервни фудбалери: Марко Ристов, Ерион Шуку, Матеј Ѓорѓиев, Наум Ангелов, Христијан Поп Антовски, Хамза Меметриза, Максим Милошевски, Атхе Кадриу, Давид Дебрешиловски;
Вториот контролен дуел, селекциите ќе го одиграат на 16. септември со почеток во 11:00 часот.