Проект на ФФМ „Фудбал во училиштата

Објавено на 05 Април, 2022 во Вести


Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт во Македонија), континуирано работи на проектот за училишен фудбал низ повеќе основни училишта во нашата земја.

Вкупно 76 основни училишта низ целата територија активно се вклучени и го спроведуваат проектот за училишен фудбал.

Преку овој проект младите имаат можност активно да бидат вклучени во спортскиот круг, да се дружат со своите врсници, да играа фудбал и да ги вреднуваат вистинските вредности во животот.

Една од важните работи  потенцирани во проектот за училишен фудбал е развојот на женскиот младински фудбал, а секако и да се привлечат вклучените дечиња да прдолжат да тренираат фудбал на редовна основа во фудбалските клубови.

Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата од спортските активности на повеќе училишта низ Македонија.


Учениците од 2 и 3 одделение при ООУ„ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ" - ПРИЛЕП, наставник по ФЗО ЈАНЕ КРНЧЕ.


Учениците од 2 и 3 и 4 и 5 одделение при ООУ„Св.Климент Охридски" - Прилеп, активност со наставникот по ФЗО Александар Крстески .

Учениците од 4 и 5 одделение при ООУ„Св.Климент Охридски" - Битола, ја реализираа втората активност заедно со своите наставници по ФЗО Златко Трајчевски, Никола Трајчевски, Дарко Најдовски.




   
   
А репрезентација