Пријавување за ФФМ и УЕФА клупска лиценца за сезона 2022/23

Објавено на 09 Декември, 2021 во Вести


Согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА и ФФМ за сезона 2022/23, на 09.12.2021 година започнува пријавувањето за клубовите од Прва и Втора МФЛ. Клубовите имаат рок најдоцна до 20 декември 2021 година,  да достават пријава за учество во процесот на лиценцирање до одделението за лиценцирање, каде ќе наведат за кое ниво на натпреварување аплицираат.

По доставување на пријавата од страна на клубовите за соодветното натпреварување, одделот за лиценцирање ќе ја достави потребната документација до клубовите и ќе ја проследи информацијата до соодветните тела / комисии на ФФМ за понатамошно постапување.




   
   
А репрезентација