Претставници на ФФМ во посета на Палермо

Објавено на 26 Февруари, 2022 во Вести


Претставници на Фудбалската федерација на Македонија се наоѓаат во работна посета на Палермо, градот домаќин на бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар 2022. 

Нашата најдобра репрезентација на 24. март гостува на стадионот “Ренцо Барбара” во Палермо за мечот против европскиот првак, Италија. 

Претставници од администрацијата на ФФМ, посетата на Палермо ја користат за увид на условите на стадионот, детално се запознаваат со условите на теренот и надвор од него, како и градот домаќин на еден од бараж дуелите за место на миндијалот во Катар.
Исто така, со претставници на италијанската федерација се разговара и за распределбата на билети за мечот на 24. март во согласност со правилата на УЕФА, како и за мерките кои важат за влез во Италија поради Ковид-19 ограничувањата. 

Намерата на нашата федерација е во најбрзо можно време да добиеме официјална информација за добивање билети за мечот, а потоа да ја споделиме со заинтересираните наши поддржувачи за следење на натпреварот во Палермо. 

Исто така, постојано ги следиме промените во ограничувањата за влез во Италија поради епидемиолошката состојба.

Претставници на ФФМ во следниот период ќе бидат во официјална посета и на Порто во Португалија и градот Коња во Турција, како едни од можните домаќини на финалниот меч за пласман на Светското првенство. 



   
   
А репрезентација