Објавено на 31 Мај, 2021 во Вести
Мечот против Словенија ќе биде првиот од двата контролни теста пред заминувањето за Букурешт на Европското првенство.
Селекторот Игор Ангеловски очекува тежок натпревар утре против силна репрезентација која ни е добро позната.
„ Словенија е репрезентација која ни е доста добро позната, не очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овојдуел ќе биде добра подготовката за она што ќе не очекува во Букурешт. Енис Барди се чувствува добро, нема симптоми, со нетрпение го очекуваме назад во составот, Се работи за еден исклучителен фудбалер кој е мноѓу важен дел од овој тим. Фудбалот се игра за публика. Се надевам и очекувам да дојдат навивачи во што поголем број, да ја бодрат нашата репрезентација и нашите момци бидејќи тие тоа го имаат заслужено", вели Игор Ангеловски.
Стефан Ристовски вели дека Македонија е репрезентација која на секој натпревар игра на победа.
„ Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво, очекуваме утре наша добра игра и победа. Македонија на секој натпревар игра на победа. Фудбалот затоа и е толку посебен. Изгубивме од Австрија, а успеавме да ја победиме Германија на гостински терен. . Кој и да излезе утре на терен што се однесува до составот значи дека е во првиот тим. На селекторот е да одлучи. Кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра пожртвувано и борбено за националниот дрес", вели Стефан Ристовски.