Објавено на 10 Ноември, 2021 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 19 години го одигра првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство што се одржува во Албанија.
На стадионот во Елбасан, нашата селекција беше поразена од Србија со 2:1. Во првиот дел видовме еден неизвесен натпревар со отворена игра на двете страни. Беа пропуштени по неколку добри прилики пред двата гола.
Србија многу подобро го отвори вториот дел. Тоа резултираше со два гола во нашата мрежа во период од 9. минути. Ајдар успеа да постигне два гола во 56. минута и 65. минута од мечот, и со тоа да донесе убедливо водство за својата селекција. Во 78. минута Фета успеа само да го намали резултатот и да ги постави конечните 2:1.
Mакедонија - Србија 1:2 (0:0)
Македонија: Тасев, Јанкуловски, Рамадани, Реџепи, Давков, Јахји, Ракипи, Саитоски, Крстевски, Фета, Елези
Србија: Лукиќ, Деспотовски, Петковиќ, Суботиќ, Крсмановиќ, Мотика, Милетиќ, Митулиќиќ, Митуликиќ, Лазетиќ, Ајдар.
Избраниците на селекторот Дашмир Беари на 13. ноември ги очекува нов тежок дуел со топ фаворитот во групата, селекцијата на Франција.