Објавено на 25 Март, 2022 во Вести
Македонија
оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото
меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот
за пласман во Катар.
Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута.
Во финалето од баражот за СП, Македонија ќе игра со Португалија во Порто во вторник, откако португалците вечерва славеше против Турција со 3:1.