Натпревари во живо на ТВ платформата на ФФМ

Објавено на 03 Ноември, 2016 во FFM-Newsletter


Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига гледајте ги во директен пренос на tv.ffm.mk. Оваа сабота на програмата се петте пресметки од 13. круг во 1. МФЛ. Дерби натпреварот се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Работнички го пречекува тимот на Пелистер. Битолчани славеа на првиот дуел меѓу двете екипи сезонава со убедливи 3:0. Работнички е во низа од неколку натпревари без пораз и заостанува само бод од второпласираниот состав на Шкендија. Токму битолски Пелистер ја прекина серијата од три победи на Работнички пред нивниот дуел под „Тумбе кафе“ во третото коло од првенството. Дали составот предводен од Виктор Треневски ќе се одмазди за убедливиот пораз или Пелистер одново ќе биде „нагазна мина“ за фаворитите - проверете на tv.ffm.mk

Останатите двојки од 13. круг во Првата лига се Ренова - Шкупи, Македонија Ѓ.П. - Силекс, Брегалница - Вардар и Победа - Шкендија.

Сите натпревари со комантар гледајте ги во живо на интернет платформата на ФФМ, tv.ffm.mk



   
   
А репрезентација