Масар Омерагиќ: Со федерациите од регионот делиме слични предизвици

Објавено на 05 Март, 2025 во Вести


Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу. 

Масар Омерагиќ - претседател на ФФМ: 

“Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. 

Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања. 

Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн. 

Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”. 



   
   
А репрезентација