Македонија славеше убедлива победа против Казахстан на последната контрола пред ЕП

Објавено на 04 Јуни, 2021 во Вести

Репрезентацијата на Македонија одигра одличен меч против Кзахстан и сосема заслужено оствари убедлива победа од 4:0 во рамките на последниот контролен тест пред заминувањето за Букурешт.

Нашата селекција одигра одличен меч во кој целосно го надигра противникот. Македонската репрезентација доминираше во текот на сите 90. минути и заслужено славеше убедлива победа. Езџан Алиоски го отвори резултатот во 35. минута со удар од белата точка. Во 57. минута Тихомир Костадинов одлично го проигра Иван Тричковски кој погоди за 2:0. На 3:0 зголеми Милан Ристовски, а конечните 4:0 ги постави Дарко Чурлинов во 76. минута. Ристовски и Чурлинов се радуваа на своите дебитантски голови во дресот на Македонија. 

МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски, 4. Кире Ристевски, 6. Висар Муслиу, 7. Иван Тричковски, 8. Езџан Алиоски, 10. Горан Пандев, 13. Стефан Ристовски, 15. Тихомир Костадинов, 16. Бобан Николов, 20. Стефан Спировски, 21. Елиф Елмас;

Јанков, Шишковски, Бејтулаи, Адеми, Трајковски, Велкоски, Стојановски, Велкоски, Радески, Аврамовски, Чурлинов, Ристовски;

КАЗАХСТАН: 1. Стас Покатинов, 2. Сергеи Малиу, 5. Исламбек Куат, 7. Руслан Валиулин, 8. Ашкат Тагиберген, 9. Алексеи Шеткин 10. Серикзан Мужиков, 13. Азар Нургалиев, 18. Еркин Тапалов, 21. Абзал Бауебеков, 22. Александр Марочкин;

Сеисен, Кассим, Тајкенов, Бајтана, Муртазајев, Сујумбајев, Нусарбајев, Даиров, Габишев





   
   
А репрезентација