Македонија ги продолжува подготовките за Европското првенство

Објавено на 28 Мај, 2021 во Вести


Репрезентацијата на Македонија денеска ги продолжи подготовките за претстојното Европско првенсто. Атмосферата во тимот е одлична, а нашите фудбалери максимално се фокусирани на најголемиот настан ова лето.

Офанзивниот играч на Македонија, Даниел Аврамовски со нетрпение го очекуваа настапот на Европското првенство.

„ Македонија постигна голем успех со пласманот на Европското првенство, но не планираме да застанеме тука. Веќе имам настап на едно вакво натпреварување со младата репрезентација на Македонија, но ова е нешто сосема различно, со оглед на тоа што играме против најдобрите репрезентации и најдобрите фудбалери. Нашите очекувања се зголемија, што е нормално, со оглед на победата против Германија. Тоа е нормално, тоа е фудбалот, секој може да победи секого. Се надевам дека ќе одиграме добри натпревари, ќе ги изненадиме репрезентациите кои ни се противници на ова првенсто и ќе ја израдуваме македонската јавност. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар, а останатото ќе дојде само по себе. Знаеме дека публиката секогаш е наш 12 играч и затоа се надеваме дека ќе бидат во колку е можно поголем број. Сигурно ќе дадеме максимум и ќе гинеме за светиот дрес и на крајот дека ќе ги израдуваме сите. 


Стефан Спировски вели дека е голема чест што е дел од оваа репрезентација.

„ Ми претставува огромоно задоволство што ќе ја претставувам Македонија на едно вакво натпреварување, се радувам на предизвикот наречен Европско првенство. Веруваме во себе и подготвени сме да ја израдуваме нацијата. Тренираме напорно и максимално сме фокусирани на првиот натпревар што го играме против селекцијата на Австрија. Ни значи поддршката од медиумите и од луѓето. Во мојот клуб АЕК среќни се што првпат ќе имаат  фудбалери во мене и Тричковски кои ќе ги претставуваат на големо натпреварување. Македонија ќе има многу навивачи во Кипар. Се надевам дека Македонија ќе ја претставиме во вистинско светло.







   
   
А репрезентација