Македонија до 19 поразена од Турција

Објавено на 11 Октомври, 2021 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација беше поразена убедливо со 4:0 од соодветната селекција на Турција во рамките на вториот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", нашите фудбалери одиграа далеку послабо во однос на првата контролна средба, немаа одговор на добрата игра на противникот.

Репрезентацијата на Турција од самиот старт намeтна иницијатива, подобрата игра ја круниса со гол во 22. минута. Стрелец на водечкиот погодок беше Целтик. Во 39. минута Демир постигна нов гол за зголемување на предноста.

Во продолжението од средбата, противникот постигна уште два погодоци. Нов гол постигна Целтик во 58. минута. Конечните 4:0 беа дело на нововлезениот Абај во 71. минута.

Македонија: Стефан Тасев, Љупче Кудев, Грегори Давков, Решат Рамадани, Бехар Фати, (к), Октај Ракипи, Ване Крстевски, Дашмир Елези, Емир Саитоски, Кристијан Тасески, Ардијан Чилафи;

Селектор: Дашмир Беари;



   
   
А репрезентација