Македонија до 19 години одигра нерешено против Црна Гора на вториот контролен меч

Објавено на 15 Април, 2021 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен меч одигран на тренинг центарот „ Петар Милошевски “.

Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник и пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол во првите 30 минути од средбата. Во 36’ добрата игра нашата репрезентација ја круниса со погодок и водство од 1:0. Стрелец на голот за Македонија беше Бехар Фета. 


Во продолжението Црна Гора притисна, нашите фудбалери се повлекоа и сето тоа резултираше со погодок во нашата мрежа. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Виктор Џукановиќ во 80’. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба. Во 87’ Aнтонио Мирков пропушти голема прилика да и донесе победа на нашата селекција. За потсетување дека и на овој натпревар младата репрезентација на Македонија беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.

МАКЕДОНИЈА: 12. Гоце Јовчев, 3. Грегори Давков, 4. Реџепи Самет, 4. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев, 18 Мартин Талаков, 20 Џемил Јахији;

Резервни фудбалери: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 8. Христијан Јосифовски, 13. Јован Богдановски, 14. Гордијан Христовски, 15. Александар Коцев, 16. Решат Рамадани, 17. Антонио Мирков, 19 Али Али;

Селектор: Влатко Гроздановски;





   
   
А репрезентација