Македонија до 19 години: Нерешено против Бугарија на втората контролна средба

Објавено на 07 Јуни, 2021 во Вести


Младата репрезентација на Македонија одигра нерешено против соодветната селекција на Бугарија на втората контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.

Во спортскиот комплекс Правец, избраниците на селекторот Марио Вујовиќ одиграа 1:1. Одлично прво полувреме на нашите фудбалери, постигнаа еден гол и имаа неколку добри прилики.Бехар Фета погоди во 38 минута за водство на Македонија од 1:0. Во продолжението домаќинот успеа да го израмни резултатот во 59 минута.

МАКЕДОНИЈА: Гоце Јовчев, Бехар Фета, Дашмир Елези, Љупче Кудев, Петар Давидовски, Давид Бошевски, Грегори Давков, Дамјан Ќошевски, , Самет Реџепи, Матеј Ангелов, Емир Саитоски;

Митрев, Ракипи, Тесески, Коцев, Мирков, Јахији, Богдановски, Ангелов, Ѓоргиевски;




   
   
А репрезентација