Македонија до 19 години на тренинг камп од 23 до 28 февруари

Објавено на 21 Февруари, 2025 во Вести


Македонската репрезентација до 19 години од 23. до 28. февруари ќе одработи тренинг камп во Струмица. Генерацијата предводена од Ерхан Селими ќе одигра контролен натпревар против Брера А.П. на 26. февруари од 13:00 часот во комплексот „Горан Пандев“. 

Селекторот Ерхан Селими и неговите асистенти во селекцијата, Вангел Алтипармаковски, Ванчо Шиков и Никола Ѓоргиев за тренинг кампот во Струмица ќе сметаат на следните фудбалери: 

ГОЛМАНИ: Давид Илиоски (Брера А.П.), Онур Бешир (Шкендија), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.);

ОДБРАНА: Златко Радески (Вардар), Бојан Ристоски (Вардар), Игли Хасани (Работнички), Давор Росиќ (Работнички), Лука Атанасовски (Беласица), Каменчо Андоновски (Брера А.П.), Артан Исмаили (Шкендија), Ерџан Фејзуловски (Пелистер), Емир Шаботиќ (Вардар);

СРЕДЕН РЕД: Здравко Перески (Брера А.П.), Лириан Џеладини (Шкендија), Омер Хасани (Шкупи), Луан Миџаити (Инглоштат, Германија), Флориан Рочи (Брера А.П.), Аритон Мехмед (Шкупи), Марко Стефановски (Работнички), Кренар Хоти (Работнички);

НАПАД: Хисар Али (Беса), Димитар Шаркоски (Победа), Христијан Јовановски (Пелистер); 




   
   
А репрезентација