Македонија до 19 години: Минимален пораз од Бугарија

Објавено на 02 Јуни, 2021 во Вести, До 19 год

Младата репрезентација на Македонија загуби минимално 1:0 од соодветната селекција на Бугарија на гостински терен во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции

Во спортскиот комплекс Правец, избраниците на селекторот Марио Вујовиќ може да жалат за неискористените прилики. На стартот од првиот дел, нашите фудбалери пропуштија одлична прилика, Коцев биеше од 16 метри, но домашниот голман со одлична интервенција успеа да го сочува својот гол. Нова добра можност пропуштивме во 36 минута од мечот. Емир Саитовски се најде во добра прилики, но немаше среќа да погоди. На полувреме се замина нерешено без погодоци

Во продолжението домаќинот, репрезентацијата на Бугарија искористи невнимание во нашата одбрана и поведе со 1:0. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба.Македонија притискаше, имаше доминицаја до крајот на натпреварот, но не пронајде начин да се закани поопасно по голот на противникот. 

МАКЕДОНИЈА: Стефан Митрев, Октај Ракипи, Бехар Фета, Кристијан Тасески, Александра Коцев, Дашмир Елези, Љупче Кудев, Давид Бошески, Џемиљ Јаихији, Самет Реџепи, Емир Саитоски;



   
   
А репрезентација