Објавено на 23 Ноември, 2017 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација
до 18 години ја победи Турција до 18 години на вториот контролен натпревар
одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Стрелец на голот беше Енис Фазлагиќ кој во 64. минута ја погоди мрежата на
Турција по центаршут од корнер за нашата репрезентација. Во текот на целиот
натпревар нашите млади фудбалери предводени од селекторот Добринко Илиевски ја
имаа контролата над играта. Покрај голот во одлични прилики за погодок беа и
напаѓачите Колевски и Георгиевски кои не ги искористија.
Турците во првата меѓусебна пресметка славеа со 2:1, откако Македонија не
искористи пенал за израмнување.
12. Давид Денковски, 5. Стефан Наумчески, 13. Борјан Пановски, 14. Марио Наумоски, 16. Енсар Љума, 17. Јакуп Бериша, 18. Лука Трајкоски;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....